ШоуБиз

Од пушење марихуана се претворив во крофна :)

Актерот номиниран за Оскар, Бред Пит признава дека за малку ќе се претворел во „крофна“ од пушење премногу марихуана. Според неговите зборови, неговата слава до однела на работ на депресија во доцните 1990-ти години.

–          Ми се смачи од себе си кон крајот на 90-тите. Се криев од кругот на познатите, пушев премногу марихуана, само седев на каучот и постепено се претворав во крофна, а тоа страшно ме иритираше, – се неговите зборови за списанието „Hollywood Reporter“.

Пит вели дека тоа било само лош период во неговиот живот, и дека во последниве 10-тина година тоа му се нема случено. Изгледа, покрај Џоли го најде вистинскиот рецепт за својот живот.

Write A Comment