ШоуБиз

Хајди Клум во хотел, Сил дома со децата

Откако го објавија својот развод, Сил и Хајди Клум некако успеваат да се држат понастрана од медиумите и се обидуваат што помалку да бидат мета на озборување.

38-годишниот модел многу ретко може да се забележи во јавност, а според некои репортери таа се крие во елитен хотел во Беверли Хилс, Калифорнија и тоа сама, во последниве пет дена.

–          Хајди сака да биде сама последниве неколку денови. Понекогаш нејзиниот помошник е со неа на кратко, но изгледа дека таа сака да помине некое време сосема сама, – вели близок пријател.

Нивните четири деца моментално се дома со Сил. Тие веќе знаат за намерите на своите родители, кои се обиделе да им објаснат на своите дечиња дека љубовта кон нив останува иста.

Write A Comment