ШоуБиз

Опра сепак нема да биде кума на Ајви Блу!

Спротивно на тврдењата на медиумите дека Опра Винфри ќе биде кума на бебето на Џеј Зи и Бијонсе, нејзиниот близок пријател Гејл Кинг тврди дека ништо од тоа не е точно.

–          Апсолутно е невистина дека Опра ќе биде кума на Ајви Блу. Таа е добар пријател со нив и двајцата ги сака искрено. Моментално размислува каков подарок да им испрати за бебето. Досега немаше време да го стори тоа бидејќи беше отсутна, – објаснува Кинг.

–          Само да ви кажам дека ако овие вести се вистинити, тоа и за самата Опра е новост. Опра замина за Јужна Африка кога се роди бебето, – завршил со изјавата.

Од каде излегле информациите на наводното кумство на Опра сеуште не е познато.

Write A Comment