Косата може да го смени личниот опис на човекот. Лошата фризура и не негувана коса може да го уништи вашиот убав изглед. Токму затоа имајте на ум дека фризурата и убавата здрава коса се едни од главните причини за убав изглед.
Хранете ја косата одвнатре: храната која е богата со витамините А и Б се важни за квалитетот на косата. Затоа јадете многу моркови, банани, и храна која е богата со протеини. Протеините се исто така важни за квалитетот на косата. Витаминот Ц има улога да го обезбедува колагенот. Ја штити косата и кожата на главата од неповолните надворешни влијанија.
Пакување од лимон
Измешајте една шолја врела вода, едно јајце и 5 лажички нане. Додајте сок од лимон и нанесете ја косата на коренот од косата. Оставете нека делува два часа. Кога косата целосно ќе се исуши измијте ја со шампон.
Лимонадата го лечи првутот
Ако имате првут, измасирајте го коренот на косата со свежо исцеден сок од лимон, кој ќе го процедите за да не ви се заплеткаат малите парчиња од лимонот.
