Дали Џенифер Лопез би сакала повторно да биде невеста?
– Не знам. Не знам. Ќе видиме. Мислам, навистина не знам, – е одговорот на малку расеаната Џеј Ло кога во едно интревју била запрашана дали некогаш повторно би стапила во брак.
– Не е време да мислам на тоа сеуште. Премногу е тазе тоа што ми се случи. Со Марк бевме пријатели и пред да се венчаме. Со години бевме пријатели и од секогаш се сакавме. Од секогаш работевме заедно, па не е толку неприродно и понатаму да соработуваме. Сепак, тука се и нашите деца, па едноставно не е можно да го избришам Марк од мојот живот. Тој секогаш ќе остане во него, – дообјаснила Лопез.
Сепак, Џеј Ло сеуште се чувствува непријатно да зборува за новиот дечко Каспер.
