Мојата кујна

Чоколадна торта – искушение кое може лесно да се направи

Од сите торти, сепак постои една од „поомилените“. Едногласно- чоколадната…Би требало да знаете како се подготвува, но сепак ние Ви нудиме рецепт за неа, со кој не мора да бидете мајстор во кулинарството, а сепак ќе уживате во нејзиното задоволство.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 грама маргарин

500 грама шеќер во прав

16 јајца

400 грама чоколадо за готвење

300 грама мелени плазма бисквити

4 шлаг кремови од чоколадо

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Маргаринот и шеќерот во прав се матат заедно. Се двојат жолчките од белките и  едно по едно се додаваат во смесата со маргаринот и шеќерот во прав. На пареа се топи чоколадото и откако ќе се олади се додава на смесата. Потоа се додаваат плазма бисквитите и густо изматените белки ( белките се додаваат постепено, лажица по лажица). Смесата се поделува на два дела. Од едниот се печат три кори ( 8 лажици од смесата за една кора), а другото се остава за фил. Се мати шлаг кремот. Се филува на следниов начин:  кора- фил- шлаг- кора- фил- шлаг- кора- фил- шлаг .

И вие веќе ја имате најубавата, а сепак едноставна торта…

Уживајте!!!

Write A Comment