Во северниот дел на Колумбија, во областа „ Сиера де ла Макарена“ се наоѓа најубавата и најшарена река во светот. Камењата во внатрешноста на реката се обложени со мов и алги кои неколку пати во текот на годината, се појавуваат како зелени и кафеави растенија. Нивото на вода го регулира нивниот формирање, преку сончевите зраци. Неколку пати во текот на годината, во зависност од нивото на водата, мововите „цветаат“, а реката за малку не достигнува должина од 100 километри и ширина од 20 километри.
Во текот на дождливите сезони, мововите се длабоко скриени, а во сушниот период водата е премногу плитка, за да се постигне ефектот на виножито, кој всушност е „виновник“ за епитетите најубава и најшарена река. Во „прозорецот“ помеѓу сушниот и дождливиот период, мововите цветаат, а преку мирната и кристална вода се гледа спектарот од прекрасните природни бои.
Да, ова не е фотошоп…Природната боенка Ве повикува да си ги измиете очите, во вистинска смисла на зборот…














