Даниел Дел Онофри е дизајнер на венчаници кој во светот на свадбената мода е познат како „Магионичарот“.
Ви ја претставуваме неговата најнова пролетна колекција наменета за престојната сезона. Неговите дизајни се навистина раскошни, наменети на секоја невеста да и дадат чувство дека е принцеза.
Венчаниците ја истакнуваат убавината и женственоста, а се направени со навистина уникатни и неповторливи детали. Во овие венчаници неминовно е чувството на раскош и безвременска класика.












