Од сето она што ни се нуди на пазарот, некогаш ни самите ние незнаеме да избереме што навистина ни е потребно. Еве една листа која секоја жена мора да ја има:
Шампон кој одговара на типот на косата и соодветен регенератор – нешто за што не треба многу објаснување. Најдобро е да го пронајдете оној кој најдобро ви одговара на косата, консултирајте се со вашиот фризер.
Регенератор за спреј за сува коса – го олеснува чешлањето, дава убав мирис на косата и ја штити.
Четка која одговара на вашата коса – некогаш за паѓањето на нашата коса е виновна и неквалитетната четка со која се чешлае, обрнете внимание и на онаа со која се фенирате.
Масло за коса – тоа ќе ја заштити вашата коса и ќе помогне да го задржи сјајот.
Квалитетен фен за коса – ова е можеби еден од наважните предмети за вашата коса, затоа инвестирајте во добар фен.
Лак за коса – кога највеќе ви е потребен го немате, затоа купете голем и секогаш ќе имате при рака вовашата бања, кога треба да се подготвите за свечени прилики.
