Најди ги разликите!
На сликата лево може да ја видите актерката од филмот „На време“ – Аманда Сејфилд која во остварувањето глумеше заедно со Џастин Тимберлејк. На оваа слика таа неверојатно наликува на кралицата на поп музиката, Мадона.
Аманда е сликана на премиерата на нејзиниот најнов филм „Gone“, додека пак, Мадона е фатена на еден настан пред почетокот на Супер Бол купот овој месец.
Аманда има само 26 години, а Мадона дури 53. Само ве информираме, доколку не успеавте да најдете некој подрастична разлика меѓу двете холивудски ѕвезди.
