Британскиот актер Идрис Елба ќе го игра поранешниот јужноафрикански претседател во биографскиот филм за него.
Филмот за Нелсон Мендела ќе се снима според автобиографскиот роман „Долгиот пат до слободата“ во кој претседателот ги опишал детаљите од детството, но и од затворот во кој поминал 27 години од својот живот.
– Ќе го играм Нелсон Мендела и тоа е остварување на мојот сон, – изјавил англискиот актер кој е најпознат по улогата во серијата „The Wire“.
Снимањето на филмот започнува на лето, а дотогаш Елба ќе можеме да го видиме во филмот „Ghost Rider: Spirit of Vengeance“ каде игра заедно со Николас Кејџ.
