Романот на Markus Zusak во кој дејството се одвива за време на Втората светска војна ќе биде преточен на филмско платно.
„Крадачката на книги“ е роман за „девојчињата, еден хармоникаш, за фанатичните Германци, за еден еврејски боксер и за многу крадење“. Деветгодишната Lizel останува без своето семејство кое е пратено во еден концентрационен логор. Таа живее со старателско семејство во работничкиот крај на градот. Lizel краде книги, а нејзината приказна и ја раскажува на Смртта.
Засега не е познато на кого му се доверени главните улоги, но се знае дека режисер на остварувањето ќе биде Британецот Brian Percival.
