Луксузната колекција на облека, ташни и парфеми, заснована на стилот на Гвен Стефани, доби наслов L.A.M.B како акроним на Love Angel Music Baby…
Гвен не само што е позната во шоу бизнисот по пеењето туку е и карактеристична поради изградениот стил и природното чувство за елеганција и естетика. Како што таа кажува, преферира да прави комбинација од старото и новото, мажественото и женственото, ужива во контрастите и контрадикторностите, а резултат е нејзината колекција, со видливи примеси на кажаното.
Гвен е убедена дека овој проект ќе трае…Едноставно, креирањето секогаш била една од нејзините животни желби…А дефинитивно има и зошто…
Фотографиите ќе Ви одговорат!
















