Поминаа деновите кога Megan Fox лудуваше и се фалеше со тетоважи. Сега нема ни трага од дивата актерка која си тераше само по свое. Megan ја надмина фазата на бунтовник и почнува посериозно да размислува за себе и својата кариера.
Актерката се најде на насловната страница на мартовското издание на списанието „Manhattan“ и може да се забележи дека таа изгледа пософистицирано, плени со комбинација на старо холивудски гламур и модерен стил.
– Би се борела со смрт за нештата во кои верувам и секогаш сум крајно искрена, дури и кога тоа не е најмудриот начин да се решат работите. Научив дека си правам себе си против услуга кога избрзувам со искреноста, – се нејзините зборови.
За кариерата вели:
– Повеќе би сакала да сум со добри актери во лош филм отколку обратно!

