Дозволете си make up достоен за модните писти, дочекајте ја пролетта со нова шминка и нов стил. Секако дека не треба за тоа да ангажирате цел професионален шминкерски тим, доволно е да ги погледнете предлозите на шминка за следната топла сезона, да одберете изглед кој вам највеќе ќе ви одговара, и едноставно да го пренесете на вашето лице.
Во тренд се враќа речиси невидлива шминка што му дава приоритет на квалитетот на подлогата односно пудрата и руменилото. Одберете маскара која ќе ги зголеми вашите трепки, и модерниот изглед за вас е готов за неколку моменти.

