Jessica Labri која работела за Courtney Love две години, решила да го опише тој „пеколен“ период во книга која носи наслов „Give Me А Xanax“.
Таа во книгата тврди дека Love прави драма од секоја ситница, дека се однесува како да е луда, како и дека е зависна од кокаин, иако тврди дека со години е трезна.
Се очекува Courtney да проба да го спречи објавувањето на книгата, бидејќи и порано оваа година таа ја тужела веб страната „Courtney ја кажува вистината“, на која биле објавени нејзини доверливи изјави дадени на суд, а биле поврзани со нејзиниот приватен живот.
Пејачката веќе има изјавено дека за сите психоактивни лекови кои ги зема има и уредни рецепти од лекар, како и дека со години не зема кокаин.
