Освен тоа што мажите ги гледаат и добро ги „процесуираат“ Вашите телесни атрибути. Иако им е во главно изгледот е пресуден ( барем при запознавањето), погледнете во што всушност тие се заљубуваат.
1. ПОГЛЕД
Многу мажи сметаат дека погледот е пресуден. И како не би бил доколку во него има тајност и срамежливост, а во исто време е и секси и директен. Тоа де делот во комуникацијата кој е индивидуален за секого и има посебно значење. Меѓутоа често ќе чуете„ Виде како ме гледаше малана“ – тоа е само билдање на самодоверба за следен чекор.
2. УШИ
Не се работи за ушите и тоа што мажите се „палат“ на нив, туку во Вашето внимателно слушање.
Премногу секси е доколку гледате во нив, и нежни климате со главата, а тие имаат чувство дека го добиле Вашето внимание. Тоа Ви е како да добиле на игра на среќа. Вниманието е онаа работа која прва се забележува.
3. СМИСЛА ЗА ХУМОР
Доколку можете да ги насмеете, тие ќе се чувствуваат по опуштено – особено доколку знаете да се пошегувате на Ваша сметка.
4. ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА
Иако тоа никогаш нема да го признаат, мажите се „палат“ на интелигентни и паметни жени.
Многу им е важно да имаат добра соговорничка, небитно дали е тоа кога сте сами или во друштво. А таквите жени во креветот обично имаат повеќе самодоверба и фантазии, а мажите тоа го знаат многу добро и самиот факт додатни ги „ложи“.
5. ДОСТОИНСТВО
Истражувањата на тим Американски научници покажа дека, мажите имаат голема желба за жените со достоинствено однесување. Премногу гласните и нападните девојки ги одбиваат мажите. Според нив таквите се за една вечер.
6. НАСМЕВКА
Резултатите од бројните истражувања покажале дека мажите несвесно се привлечени од насмевката. Тоа е знак дека сте отворена и самоуверена личност.
