Само неколку недели конзумирање на овошје и зеленчук ќе го поправи вашиот тен, тврдат научниците.
Истражувачите од шкотскиот универзитет Ст. Ендруз тврдат дека оние луѓе кои конзумираат овошје и зеленчук, особено зелен зеленчук, имаат подобар тен и се попривлечни. Исто така тие тврдат дека на испитаниците на кои им било дадено да конзумираат овошје и зеленчук секојдневно и тоа со секој оброк, имале потемна и почиста кожа на лицето од останатите.
Витамините, минералите и другите состојки кои се наоѓаат во овојшето и зеленчукот позитивно влијаат на кожата, ја хидратизираат и ја враќаат природната свежина, а правилната исхрана придонесува и значително да се намалат акните и црвенилото на лицето.
