H&M веќе неколку пати оствари успешни соработки со многу големи и светски познати брендови. Овој пат H&M со гордост ви ја претставува најновата колекција за мажи, која беше направена во соработка со Marni.
Заборавете на темните бои оваа сезона, уживајте во веселите бои и бидете впечатливи. Жолтата, портокаловата, сината и црвената користете ги за да ја разбиете монотонијата од еднолични бои. Внимавајте и на модните додатоци, дајте им посебен акцент.











