Прекрасната принцеза Шарлота Касираги од Монакое новото заштитно лице на луксузниот италијански моден бренд Гучи.
Принцезата Шарлота дефинитивно го наследила шармот и убавината од својата баба, легендарната актерка Грејс Кели. Шарлота и порано беше заштитно лице на Гучи, но за нивната спортска линија.
Веќе неколку годони Шарлота порачува уникатни фустани кои Гучи ги креира и шие специјално за нејзе, и кои не може да се купат во нивните продавници. Но овојпат менаџерите на Гучи одлучиле да ја искористат безвременската убавина на принцезата и да ја ангажираат како заштитно лице на својата најнова кампања.
Шармантната принцеза навистина изгледа божествено и елегантно, едноставно совршено.




