Убавина

Во ова не верувајте никoгаш повеќе

Секојдневно читаме некакви иновации за убавината, но постојат и такви на кои навистина не треба да им се верува. Научете како да ги распознавате митовите кои може да ви одмогнат многу повеќе отколку да ви помогнат.

Кремите за целулите го отстрануваат 100% целулитот од кожата

Ова е сосема погрешно. Не постои крема која е толку волшебна и со нанесување ќе го избрише целулитот. Овие креми можеби можат да ви помогнат за убава и цврста кожа, но ако не вежбате, не се масирате и не внимавате на исхраната залудно ќе ги трошите парите.

Тоникот е беспотребен

Напротив! Како што тоникот може да ја освежи вашата кожа, не може никој друг. Доколку тонерот кој го имате ви предизвикува иритација и црвенило, тогаш побарајте некој кој не содржи алкохол, но никако не го исклучувајте тоникот од употреба.

На масната кожа не и треба хидратација

На секоја кожа и треба хидратација, само што на масната кожа и треба поинаков состав на кремата. Никако не оставајте ја масната кожа без крема. На тој начин само ќе имате поголем проблем со масната кожа.

Write A Comment