Очајна? Малку потешко!
Откако излезе со насмевка на лицето во јавност и тоа веднаш по раскинувањето на врската со братот на Penelope Cruz, Eduardo Cruz, „домаќинката“ решила да си го прослави 37-миот роденден со своите пријателки.
– Многу сум среќна и возбудена поради мојот живот и нештата кои допрва треба да дојдат во него. Гледам толку многу работи на хоризонтот кои доаѓаат само за мене, – биле нејзините зборови.
Следната недела Eva Longoria треба да отиде во посета на американскиот претседател Barack Obama со цел да дискутираат за образованието, имиграцијата и економијата во Америка. Таа вели дека е доста нервозна за оваа средба и дека тоа е оправдано со оглед на тоа што се работи за претседателот на САД.
