Погледенете го феноменалното музичко видео на пејачката Lana del Ray за песната со наслов „Blue Genes“ која ќе послужи како трет сингл од контроверзниот и широко критикуван деби албум на пејачката „Born to Die“.
Песната беше фаворит на обожавателите на Lana, а видеото во режија на Yoann Lemoine се покажа како полн погодок. Целото е во црно-бела верзија, а во него пејачката е облечена во костим за капење и се наоѓа во еден базен полн со алигатори. Тогаш се појавува предметот на нејзината љубов, еден тетовиран дечко… Ако ве интересира што се случува понатаму, погледнете го целото видео:
