Списанието „Complex“ го прослави својот 10-ти роденден со тоа што го претепа познатиот Justin Bieber. Но, не се загрижувајте Биберовци, се работи само за лажна крв и шминка!
Кога веќе бил претепан, Justin се отворил во врска со својот љубовен живот, папараците и неговите „женски“ квалитети.
За врската со Selena Gomez изјавил:
– Не постои начин целосно да ја криеме врската, бидејќи тоа би било нефер кон самите нас. А, и нездраво за врската. Невозможно е да се сретнуваме постојано, а да глумиме лудило!
За папараците:
– Ми текнува кога блиските ми велеа: „Помири се, сега си познат и ќе те сликаат насекаде, и кога си расположен и кога не си спиен со денови“. Сега тоа постојано ми се случува и многу се нервирам, но за жал, таков ми е животот.
За „женските“ квалитети:
– Секој дечко има такви квалитети. Израснати сме и од мајката и од таткото, а јас бев генерално израснат од мајка ми.


