Не знаете што да правите кога ќе го/ја видете онлине? Дали ќе помисли дека сте супер ако му/и пишете или дека сте обичен „напаѓач“!!!
Ви препорачуваме неколку правила за нормално однесување кога ќе се сретнат срцето и тастатурата!!!
Флертувајте само доколку начекате можност за некоја дебата во која потенцијалниот/ната е заинтересиран/а.
Пробајте да се држите до правилото офф лине комуникација (преку пораки), но не бидете нападни, вратете по најмалку 10 минути.
Не праќајте и не закачувајте на туѓ ѕид ама баш ништо додека врската не премине во втора фаза (знаци дека сака да ве запознае).
Проверете колку можете подобро дали личноста по која се „залетувате“ е вистинска.
Немојте да дадете никогаш до знаење дека сте истражувале за личноста кој Ви се допаѓа.
Понекогаш споделете некој интересен статус но не претерувајте ( еден во 7 дена е сосема доволно)
Не откривајте каде излегувате и со кого, мистеријата ги привлекува сите.
Не ја/го каните на состанок преку интернет. Знаеме дека е полесно, но секогаш е подобро тоа да го сторите преку телефон. И сето ова доколку преминете во 2 фаза ( знаци дека сака да ве запознае)
Никогаш не го ставајте вашиот љубовен статус, останете под превезот на тајната.
