По долгата, ладна зима време е да ја освежите кожата и да и дадете свежина и сјај. Ова се неколку маски кои навистина ќе ви помогнат набрзина да го освежите лицето.
Маска од моркови и мајонез
Измешајте 1/3 шолја изрендани моркови со 2 лажици мајонез. Нанесете ја маската на лицето и оставете нека делува. Потоа измијте се со млака вода и нанесете крема.
Тропска маска
Измешајте половина банана и половина авокадо. Испасирајте ги состојките и нанесете ги на исчистено лице. Држете ја маската половина час, а потоа измијте се со млака вода.
Топла маска
Измешајте 2 лажици мед со 2 лажици мед. Ставете ја смесата во микробранова да се загрее. Потоа со топлата смеса масирајте го лицето. Измијте се со млака вода и веднаш ќе ја почувствувате разликата.
