Славниот фудбалер David Beckham не ни сонувал дека поради својата жена Victoria ќе мора да одговара пред јавноста.
Фудбалерот позирал покрај неколу детски играчки облечен во спортска маичка со кратки ракави, која ги открива неговите бројни тетоважи на рацете. Оваа слика на David е употребена за промотивниот флаер на еден британски ланец супермаркети.
Она што довело до скандал е сликата на неговата лева рака на која се наоѓа неговата сопруга облечена само во гаќички. Флаерот бил поделен во 47 илјади основни училишта и предшколски установи во Англија, а родителите и наставниците веднаш се спротивставиле кога ја виделе сликата.
– Фотографијата не е примерна за да ја гледаат деца. Сопругата на Beckham на тетоважата носи само долна облека и се наоѓа во многу провокативна поза, – бил коментарот на Anita Dicon од предшколската установа во Виншил.


