ШоуБиз

Се продава куќата на Carrie Bradshaw!

Куќата во која се наоѓа прочуениот стан на актерката од  „Сексот и градот“ Carrie Bradshaw е ставена на продажба.

Оваа куќа е една од најпознатите во цел Њујорк и е неизбежен дел од турата за посетители наречена баш како и самиот филм „Сексот и градот“. На таа тура се обикулуваат местата кои ја обележаа оваа култна серија.

Иако Carrie имаше само еднособен стан, целата куќа има четири ката, десет соби и шест камини. Се продава за 9,65 милиони долари, а е изградена во 19-тиот век со многу златни детаљи на неа.

Освен со цената, новиот споственик ќе мора да справи и со незгодните соседи кои постојано се жалат од вревата која ја создаваат туристите кои постојано доаѓаат на разглед.

Write A Comment