Ова се мали, темни колачиња кои воодушевуваат и со својот изглед и со вкусот.
Лесни се за подготовка, а во исто време се меки и крцкави…
Ќе ги обожувате !
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
( за 30-на колачиња ) :
180 грама брашно
50 грама какао
1 полна лажица сода
½ рамна лажица прашок за пециво
Прстофат сол
200 грама шеќер
150 грама маргарин
1 јајце
За бел дел :
120 грама путер со вкус на слатка павлака
200 – 250 грама шеќер во прав
1 лажичка арома на ванила
Варијации на вкус по желба: 50 грама бела чоколада или свежо крем сирење, шарени мрвици, вкус на јагода, мента
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Маргаринот и шеќерот темелно се матат. Додајте ги јајцата и измиксајте пенлива смеса. Вопосебна чинија ставете ги сувите состојки ( брашното, какаото, содата, прашокот за пециво, прстофат сол ) и додајте ги во смесата од јајца, шеќер и маргарин и пак изматете ја смесата додека не омекне. На смесата не додавајте повеќе брашно, истата мора да биде леплива поради обликувањето во топчиња. Така што за време на обликувањето на тестото, повеќе пати ќе треба да си ги измиете рацете.

Рерната се загрева на 180 степени. Плехот за печење се покрива со хартија. Започнете со обликување на колачите. Земете смеса со големина на орев, обликувајте ја и ставете ја во плехот. Сплеснете ги колачињата, така што ќе добијат изглед на кованица, а растојанието помеѓу нив ќе биде 5 сантиметри бидејќи се шират. Печете ги 10на минути, не повеќе за да не се стврднат. Оставете ги во плехот малку да се стегнат а потоа извадете ги.
Измиксајте го маргаринот во пенлива смеса, додајте шеќер и ванила, и миксајте уште 2-3 минути ( доколку користите крем сирење, измиксајте го со маргаринот па додајте ги другите состојки ). Ставете ја смесата во фрижидер. Ако користите чоколадо, убаво изрендајте го. Лажичка од смесата ставете на средина од колачот, поклопете го со другото парче и притиснете.
Колачињата се спремни за грицкање !
Уживајте!!!
