Понекогаш поради тага и лошо расположение, тешко ни е да станеме од кревет, а депресивните мисли влијаат на нашето секојдневие. Кога се чувствуваме лошо, мислиме дека тоа ќе трае вечно…
Не ! Поминува сé во животот ! Така и онаа фаза кога сме на дното !
Првиот чекор е да се подигнеме и да ја превземеме контролата на животот во наши раце…
А потоа…
* Да направите план ! – Секој ден напишете план кој ќе ги содржи работите што сте сакале да ги направите, а навечер погледнете што сте исполниле. Исполнувањето на зацртаните планови ќе Ви помогне при контролирањето на животот. Сепак, немојте да бидете престроги кон себе и да си зададете преголеми цели.
* Излезете од дома ! – Депресивното расположение може да Ве задржи дома, а после целиот ден поминат на кауч, пред компјутер или телевизор, само се чувствуваме полошо. Излезете, кога ќе се вратите навечер, ќе се чувствувате подобро бидејќи барем нешто сте направиле.
* Опкружете се со луѓе ! – Иако Ви се чини дека не сте пријатно друштво, најдете некој со кого ќе можете да разговарате во врска со тоа како се чувствувате. Разговорот ќе Ви помогне да сфатите зошто така се чувствувате, а блиските луѓе ќе Ви дадат потпора.
* Мислете позитивно ! – Размислувајте за работите во животот, за кои треба да бидете благодарни. Тука се и малите работи. Позитивниот став ќе привлече позитивни вибрации и забавни луѓе во секојдневието.
* Ослободете се од непотребните работи ! – Според учењето Фенг Шуи, генералното чистење и ослободувањето од непотребните работи ослободува позитивна енергија во повеќе полиња од нашиот живот. Со тоа и домот ќе биде поуреден, поедноставен за чистење, а и полесно ќе ги најдете предметите кои ги барате. Собирањето непотребни работи укажува на тоа дека не сакате да го пуштите минатото. Простете си ги грешките од минатото и исфрлете ги негативните мисли од животот !
* Пронајдете нов интерес ! – Вклучете се во нов проект кој ќе Ви даде причина да се подигнете и да се сконцентрирате и на нешто друго освен сопствените негативни чувства.
* Наградете се ! – Не одложувајте ги обврските, бидејќи ќе бидете задоволни кога ќе ги завршите. По завршувањето, бидете горди со себе и наградете се со нешто што го сакате. Тоа може да биде Вашата омилена чоколада, миризлива пенлива купка или нова чанта !
