Ако се чувствувате слабо, изнемоштено и без енергија ова е вистинскиот рецепт за вас. Кренете ја енергијата до максимум за многу кратко време.
100 гр урми (изберете меки)
100 гр суво грозје
100 гр суви смокви
100 гр суви сливи (изберете меки)
100 гр суви кајсии
100 гр ленено семе
100 гр семе од тиква
100 гр семе од сончоглед
100 гр сусам
100 гр овесни трици
2-3 лажици маслинов зејтин
2-3 лажици јаворов сируп
2-3 лажици мед
Подготовка:
семените производи се мелат во мелница за кафе, сувото овошје се мели во мелница за месо.
Се заедно убаво се меша да се добие компактна смеса. Потоа се оформуваат во мали топченца кои се спремни за јадење.
