Време е за пролетно обновување на лицето, а тоа најдобро ќе го направите со „домашни“ маски направени од производи кои секојдневно ги користиме:
Како маска против брчки употребете две лажици мед и една белка од јајце, помешани во каша. Нанесете ја смесата на лицето, оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа измијте го лицето прво со топла, а потоа и со ладна вода. Но внамавјте, оваа маска не треба премногу често да се употребува.
Ако сакате да ја освежите и матирате кожата употребете смеса од еден свеж изгмечен компир и малку свежо млеко. Нанесете на лицето, оставете да делува неколку минути и измијте со ладна вода.
За нечиста коже користете квасец помешан со млако млеко. Нанесете на лицето и оставете да делува додека да се исуши, а потоа измијте со топла па потоа со ладна вода. Со редовна употреба на оваа домашна маска, кожата видливо ќе се исчисти.
За осетлива кожа употребете младо сирење помешано со една лажица мед во кремаста смеса. Нанесете на лицето во обилен слој, а посебно околу очите и усните. Оставете да делува 20 минути,а потоа отстранете ја смесата со памук натопен во топло млеко.
За освежување на секаков тип на кожа употребете една изгмечена банана. Нанесете ја на лицето и оставете да делува 20-30 минути, а потоа измијте го лицето со чај од камилица. Оваа маска може да се применува еднаш до два пати неделно.
