Пејачот на бендот „Maroon 5“ Adam Levine ја раскинал врската со својата девојка Anna Vyalitsyn. Пејачот и руската манекенка биле во врска цели две години. Се запознале во почетокот на 2010 година на журката на списанието „Sports Illustrated“, каде настапувал бендот на Levine.
Двојката има позирано гола за руското списание на списанието „Vogue“. Понатаму, за време на модната ревија на „Victoria’s Secret“ 2011 година, Adam пеел заедно со својата девојка, која истата вечер се прошетала по модната писта.
– Тој секогаш ќе ја сака и почитува, – вели нивен близок извор, додека друг нивен пријател вели дека тие серизно се скарале уште во јануари и за малку не раскинале, така што нивните проблеми наводно имаат корени уште од пред неколку месеци.
