Дестинации

Пиран…Медитеранскиот музеј на отворено

Медитеранскиот град Пиран е познат како „ музеј на отворено “. Како најзначаен историски, венецијански и готски споменик, зазема дел од Истра, која излегува на Јадранското море.

Словенечкиот регион на Истра, претставува еден од најголемите туристички центри на оваа земја. Како единствен споменик на средновековна Истра, со неодолив шарм на старата венецијанска архитектура која Ве дочекува на секој чекор, брзо ќе ве освои. Ќе сфатите дека ова е градот за кој ќе Ви биде потребно повеќе време за подобро да го запознаете. Некои научници сметаат дека потеклото на името датира уште од келтскиот период ( bior –  dun ) – населба на рид.

Пиран е старо метитеранско место во Словенија, кое лежи на самиот Пирански полуостров. Тесни, збиени улички, поврзани една со друга, се основната структура на ова преубаво место, кое се наоѓа во близина на Порторож. Плоштадот Тартини е вистинско богатство на Пиран, кое се наоѓа во самиот центар на градот. Името го добил по прочуениот виолинист и композитор Џузепе Тартини, кој се родил во овој романтичен град. Црквата Св. Ѓоргија, заштитникот на Пиран се издигнува над самиот град. Од неа има прекрасен поглед на градот.

Ско сте романтична душа, ќе уживате во прошетки покрај морето, волшебни погледи на секој чекор… Ќе уживате во секоја знаменитост на ова прекрасно место.

Write A Comment