Погледнете како изгледа Hilary Duff само две недели по породувањето. Мора да признаеме дека одлично ѝ оди, а како што може да се види таа нема комплекси од папараците.
Актерката (24) која го роди синот Luca Cruz на 20-ти Март е забележана како оди на пазарење за својот син во Холивуд. За изгледот и облеката не можеме да ѝ најдеме замерка, со оглед на тоа што таа веќе започнала да ја посетува вежбалната и да се враќа во колосек.
– 20 минути на траката за трчање ми изгледаа како цела вечност!!! – бил нејзиниот статус на Твитер пред некој ден кога за прв пат по породувањето отишла во вежбалната.

– Ова се моите две омилени стапала, – напишала Hilary под сликата на својот новороден син, која вчера ја ставила на својот Твитер профил.

