Jessica Alba била забележана со голема тетоважа на левата рака. Се работи за три големи ружи на надлактицата, а тетоважата за прв пат била забележана во понеделникот, кога актерката ги шетала двете ќерки во еден парк во Беверли Хилс, Калифорнија.
Сепак, еден близок извор изјавува дека тетоважата ја направил уметник од Атланта и дека на Alba таа многу ѝ се допаѓа. Малку пороцна, нејзиниот претставник изјавил дека не се работи за трајна тетоважа, туку дека е направена за потребите на нејзината најнова улога во филмот „A.C.O.D.“
Во филмот, Jessica глуми заедно со Adam Scott и Jane Lynch.

