ШоуБиз

И со црна коса и со избричана глава?!

Таа повеќе од било која друга ѕвезда е склона на експериментирање со изгледот и фризурата и воопшто не се плаши да го покаже тоа. По сите нијанси кои можевме да ги видиме на нејзината коса, таа повторно се одлучила да проба нешто ново.

На својот Твитер, Rihanna ставила слика на која се гледа дека покрај тоа што си ја вратила црната боја на коса, таа и си ја избичила главата во пределот над левото уво. Речиси на целата половина од главата, Riri сега има супер кратка коса.

Пејачката во моментов е сеуште во Токио каде се прикажува премиерата на филмот „Battleship“ во кој Rihanna дебитираше како актерка.

Смел потег, зарем не? Е, сега, дали нам ни се допаѓа новиот стил на Rihanna, тоа пресудете сами!

Write A Comment