Motherhood

Жените сé подоцна го раѓаат првото дете…

Жените кои денес го раѓаат своето прво дете, во просек се две и пол години постари отколку прворотките пред 50 години, тврдат научници од американскиот институт за здравје и развој на децата.

Тие ги споредиле податоците  за 39.491 породување во периодот од 1959 до 1966 година со 98.359 породувања во периодот од 2002 до 2008 година и открија дека во денешно време породувањето трае и два часа подолго. Прворотките денес имаат вишок килограми, така што просечниот индекс на телесна маса им е 29,9 додека во  60-те бил  околу 26,3. Исто така тие многу почесто земаат медицински терапии кои би им го олесниле породувањето.

Пред 50 години околу 4% од  жените земале епидурална анестезија, додека денес, истото го прават 55% од идните мајки. Некои од разликите настанале како последица на медицинските промени на породилната пракса, а подолгите породувања не значат ништо лошо за здравјето на детето и мајката, кажува професорот по гинекологија од универзитетот во Јута ( САД ).

Просечното траење на породувањето на прворотките изнесува помеѓу 12 и 14 часа, а благодарение на медицинскиот напредок, денес се поголеми шансите за  преживување на новороденчиња со здравствени компликации.

Write A Comment