Како што пренесуваат американските медиуми, познатата холивудска актерка има брат кој е комплетна спротивност на неа.
Jennifer Aniston има брат по име Alex John Aniston и тој е панкер кој преферира номадски начин на живот. Еден период живее во Санта Круз, еден на Аљаска итн. Обожава да суфра и воопшто не го интересира холивудскиот сјај.
– Сите свои работи ги носи во багажникот од комбето. Едни фармерки ги носи 20 години и има вкупно три кошули. По цел ден се вози во комбето, – изјавила една пријателка на актерката.
Пред осум години, Alex бил присутен на премиерата на филмот „Along Came Polly “во кој глуми Jennifer и оттогаш избегнува било какво појавување во светот на славните.
