ШоуБиз

Од блиску со Cheryl Cole…

Cheryl Cole изгледа одлично на насловната страница на британското издание од списанието „Marie Claire“ за месец мај. За интервјуто во списанието, таа одговарала парашања поставени од своите фанови.

За тежината:

–          Како и кај секоја жена и кај мене тежината варира. Имам еден пар фармерки со поголем број во случај некој период да сум малу подебела од вообичаено. Се трудам да живеам здрав живот.

За огромната колекција чевли:

–          Не сум ги изброила. Илјадници! Некои се во кутии и спремни се да одат во хуманитарни цели. Со годините работата се влошува. Навистина ми треба терапија во врска со купувањето чевли, бидејќи јас едноставно немам контрола кога станува збор за чевли.

За љубовта кон принцот Harry:

–          Навистина го сакам. Одлично би било кога Charles би бил мој свекор, а не само партнер во хуманитарните акции.

Епа, срцка, застани си во редицата која е прилично долга! 🙂

 

Write A Comment