Можеби не сум единствена, но имам опсесија кога е во прашање негата на усните. Постојано во чантата имам маст или некоја друга форма на средство за нега на усните, но тоа не значи дека моите усни се постојано меки. Но, затоа пак го пронајдов идеалниот рецепт за витаминска маска која воедно е и пилинг. По овој третман усните ќе ви бидат меки и слатки.
Потребно ви е:
– половина лажица масилново масло
– 1 лажица мед
– 3 лажички шеќер
– малку сок од лимон

Измешајте ги состојките, а потоа смесата нанесете ја на усните. Убаво измасирајте ги. Оставете неколку минути нека делува. По овој третман ќе имате прекрасни усни.
