Motherhood

Колку мажите учествуваат во домашните обврски?

Дали ќе се изнанадите ако е помалку и од она што очекувавте?

Последната студија покажала дека осум од десет омажени жени ги вршат домашните работи, а при тоа партнерот не им помага во тоа.

Според податоците од британската јавна служба за статистика и истражување, само еден од десет оженети мажи има исти обврски во домот како жената. Истражувањето покажало дека навиките за домашните обврски минимално се смениле со текот на годините. Жените добија рамноправност кога е во прашање вработувањето, но не и со распределба на домашните обврски. А уште потешко е кога ќе се добие дете, тогаш обврските се зголемуваат, а помош едноставно нема, стои во соопштението.

Write A Comment