Додека француските медиуми пишуваат дека актерот е примен во болница поради проблеми со срцето, неговата асистентка вели дека се работи за редовна контрола.
Францускиот актер Alаin Delon вчера утрото бил примен во една болница во Париз.
– Актерот (76) се чувствува одлично. Како и секој кој води сметка за своето здравје, тој дојде на редовна контрола, – изјавила асистентката која воопшто не сакала да ги коментира наводите на медиумите дека Delon е хоспитализиран поради аритмија на срцето.
Според француските весници, актерот бил одведен во оперативниот блок каде го оперирале поради неправилна работа на срцето. Операцијата, за среќа, поминала во најдобар ред, а актерот треба да биде пуштен од болница во рок од 48 саати.
