Убавина

Негувајте се со мед

Медот не е добар само за нашето здравје, туку може и да ни помогне за нашиот изглед. Ви претставуваме неколку маски кои ќе ви помогнат да го подобрите изгледот:

Маска за сува кожа: Лажица мед од багрем и 0.5 мл. вода. Изматете ги состојките, па со оваа смеса измијте го лицето пред спиење, па исплакнете само со топла вода.

Маска за убави раце: Во 2 лажици мед додадете една лажица шеќер, истријте ги рацете. Оставете ја смесата да делува неколку минути, па исплакнете.

Маска за чистење на грбот: Измешајте неколку лажици мед со сок од портокал, па со смесата намачкајте го грбот и оставете да делува 10тина минути, па исплакнете.

Маска за глатки усни: Истријте ги усните со четка, па намачкајте ги со мед од багрем.

Маска за затегнување на лицето: Изматете една жолчка, една лажица мед, лажица маслоново масло и лажица сок од лимон, па добро промешајте и нанесете ја смесата на исчистено лице и врат. Оставете ја да делува 25 минути, па исплакнете со млака вода.

 

Write A Comment