За сите гурмани кои го знаат вкусот на најдоброто…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За 4 лица:
160 грама брашно
2 децилитри пиво
180 грама кафеав шеќер
3 јајца
40 грама какао
150 грама маргарин
Половина кесичка прашок за печиво
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Маргаринот се мати со кафеавиот шеќер така што ќе добиете светла пенлива маса. Не престанувајќи да матите, додавајте ги постепено јајцата. Кога ќе се соединат со маслото и шеќерот, наизменично додајте ги сувите состојки: брашното, какаото и прашокот за пециво и малку по малку пиво, додека смесата не се соедини.
Добиената смеса префрлете ја во кружен калап за торта, обложен со хартија за печење, подмачкан со маргарин и напрскан со брашно и печете 60 минути во загреана рерна, на 180 степени.
На здравје !!!
Уживајте!!!
