Art & Crafts

Среќни сте??? Проверете…

Многумина кажуваат дека се задоволни со својот живот, а психолозите тврдат дека постојат одредени знаци кои откриваат дека некоја личност во суштина не е воопшто среќна, туку дека самата се убедува во тоа…

СРЕЌНИТЕ личности не мора да бидат родени под среќна ѕвезда, ниту пак да добијат премија. За сé што постигнале во животот, сами се избориле, задоволни се и среќни дури кога не поседуваат материјални добра, бидејќи чувството на среќа нема поврзаност со успехот и благосостојбата.

Препознајте ги симптомите на незадоволство и … Направете се СРЕЌНИ !!!

1. Попрво би одбрале телевизија и компјутер, отколку луѓе ???

Кога имате слободно време, предност давате на телевизорот и компјутерот. Да, убаво е понекогаш да се изолираме и да одмориме во фотелјите…Но фактот дека уживаме во виртуелното, кажува дека имаме незадоволство. Среќните луѓе слободното време го користат за излегување од дома, спорт, хоби, дружење…

2. Се повлекувате во себе ???

Повеќето луѓе во Вашето опкружување Ве нервираат и Ви се досадни, па се повлекувате во себе. Тоа е сигурен знак на губење животна радост, а научно е докажано дека дружељубивите личности се посреќни од оние кои  времето го поминуваат во самотија, бидејќи, сепак човекот е социјално суштество. Пријателскиот однос со околината е важен показател на внатрешна среќа…

3. Малку спиете ???

Сонот и среќата се тесно поврзани, тврдат научниците. Доколку не спиете доволно, Вашиот организам е чувствителен на дејството на кортизол, хормон кој предизвикува стрес.

Ако скоро секоја ноќ се измачувате да заспиете, изгледа дека не сте потполно задоволни со Вашиот живот…

За сето тоа да го постигнете, почнете да се сакате, покрај сите Ваши недостатоци и неисполнети планови… Доволно е да покажете желба…

КОГА НЕШТО ДЛАБОКО ПОСАКУВАТЕ, ЦЕЛАТА ВСЕЛЕНА Е ВО ЗАГОВОР ДА ВИ ГО ОСТВАРИ !!!

Write A Comment