Оние бои од кесички се нездрави и полни со хемикалии. Често се случува јајцата да напукнат при варењето, па при процесот на фарбање да навлезе боја во пукнатините на јајцата. На тој начин ние внесуваме многу штетни состојки во организмот. Можеби треба да го пробате и овој начин на фарбање на јајца, на пример со овошје и зеленчук.
Правилото е едноставно- на литар вода ставете 800 гр исецкано овошје или зеленчук.
За јако розева боја ставете еден литар врела вода исецкано цвекло, две лажички оцет. Ако во оваа смеса ставите и сок од брусница ќе добиете интензивна црвена боја.
За жолта боја, постапката е иста само што во водата ќе ставите исецкана кора од портокал.
За небесно сина боја исецкајте една главица црвена зелка. Прелијте ја со врела вода и оставете ја нека поврие. Извадете ја зелката и ставете ги јајцата. Ако сините јајца ги варите во вода со лушпи од кромид ќе добиете виолетови јајца.
За нежно зелена боја, варете ги јајцата во вода во која сте вареле кељ, спанаќ, коприва.
За да добијат убав сјај јајцата, откако ќе се офарбаат јајцата оставете ги убаво да се исушат, а потоа поминете со памук во кој сте ставиле малку масло.
