ШоуБиз

Hugh Grant се откажува од глумата!

Hugh Grant полека ја става кариерата во втор план. Холивудската ѕвезда повеќе не ги прифаќа понудените проекти од причина што веќе му здодеало да биде пред камерите.

–          Завршив со тоа. Од време на време може да се појави некој преокт кој ми ја буди фантазијата, но начелно завршив со актерството. Иако не работам како порано, сепак ми одговараат некои аспекти од актерската работа. Ми се допаѓа кога се спријателувам со луѓето за време на снимањето, но стоењето пред камера ми е преку глава, – изјавил 51-годишниот актер.

Популарниот Британец се труди да им даде реални совети на луѓето кои ги интересира актерската работа.

–          Многу блиски луѓе ми бараат совети и сакаат да почнат да глумат. Тоа е како болест. Чудно е. Некои од нив се талентирани, а некои немаат појма од глума, па искрено, не знам ни што да им кажам, – вели тој.

Write A Comment