Американските медиуми почнаа на широко да пишуваат за тоа дека Kim Kаrdashian и Kanye West се во врска – и дека овој пат написите се вистинити, а не како порано, само шпекулации.
Изворите тврдат дека врската е на почеток, а двојката завчера вечерта била забележана како ја напушта проекцијата на филмот „Hunger Games“ во Њујорк. Оваа вест во никој случај не е новост бидејќи на повеќе наврати се пишуваше дека овие две ѕвезди се заедно, а соработуваа и на песната на Kim со наслов „Jam“.
Kanye пак, од своја страна, во најновата песна „Theraflu“ пее како тој бил заљубен во реалната ѕвезда, уште кога таа се забавувала со Kris.
Останува да видиме како ќе се одвиваат работите меѓу двете заљубени птички 🙂

