Компанијата Lerock Eve, промовираше фармерки кои делуваат врз целулитот и ги слабеат нашите нозе.
Производителите на овие фармерки тврдат дека на жените повеќе нема да им бидат потребни антицелулитни креми, затоа што од сега ќе можат да слабеат само со носење на нивниот дизајн.
Иако сеуште не ни е јасно за што точно станува збор, доколку ветувањата на компанијата се вистините, претпоставуваме дека овие фармерки ќе делуваат врз циркулацијата и на тој начин ќе го намалат целулитот.
Од компанијата велат дека препорачуваат овие фармерки да се носат што е можно почесто, но и да се перат со специјална течност која е исто така производ на компанијата.
Овие фармерки чинат 150 евра, а производителите гарантираат дека со редовно носење може да го намалите обемот на бедрата за околу 1,8 сантиметри.
